Ограничувања од одговорност

Моментално се наоѓате на веб страната која е во сопственост на ИЛИРИКА Инвестментс АД Скопје  Вашиот пристап до оваа веб страна и употребата на истата се утврдени со општи услови и правила на користење. Со Вашето најавување на оваа веб страница потврдувате дека сте запознаени со овие општите услови и правила и истовремено се обврзувате да ги почитувате истите. ИЛИРИКА Инвестментс АД Скопје го задржува правото на промена или дополнување на условите за користење, без претходно известување кон корисниците. Компанијата ви препорачува редовно информирање за сите можни промени или надополнувања на општите услови и правила на користење, кои пак - се објавени на самата веб страница.

Веб страницата и самиот домеин на www.ilirika.mk  се креирани со цел да ја информираат јавноста за компанијата и услугите кои таа ги нуди. Компанијата не дава понуди на совети или препораки, освен во случај кој е експлицитно пропишан како таков. ИЛИРИКА Инвестментс АД Скопје со седиште на бул.Св. Климент Охридски 45, Скопје - е сопственик и администратор на оваа веб страница. Како корисник на оваа веб страница сте согласни да ги прифатите условите и правилата за користење на истата.

Информации за ИЛИРИКА Инвестментс АД Скопје и услугите кои ги нуди компанијата:

Скратен наслов: ИЛИРИКА Инвестментс

Телефонски број: 02 3296 853

Број на факс: 02 3296 853

Веб адреса: www.ilirika.mk  

Емаил: info@ilirika.com.mk

Регистарски број: 6012248

Даночен број: 4030005557470

Трансакциска сметка за клиенти: 100-0000000702.73

 

ИЛИРИКА поседува лиценци за извршување на инвестициони услуги и деловни активности поврзани со оваа дејност. Лиценцитес е издадени од страна на Комисија за хартии од вредност на Република Северна Македонија со адреса на ул. Македонија бр.25, Палата “Лазар Поп Траков“ 1000 Скопје. Листата која ги содржи лиценцираните услуги на ИЛИРИКА заверени од страна на Комисијата за хартии од вредност, е достапна за јавноста на веб страницата www.sec.gov.mk .

Целовкупниот текст, статистиката, како и другите видови на содржини прикажани на оваа веб страница се селектирани и едитирани од страна на сопственикот на оваа веб страница; природата на информациите се смета дека е од информативен карактер. И покрај информативната цел - а во случај да поседувате желба за остварување на деловна соработка, сопственикот не се смета за одговорен за точноста и валидноста на податоците кои ги прикажува содржината на веб страницата.

Вклучените податоци, документи, статии, мислења и сите други форми на записи содржани на веб страницата на ИЛИРИКА не претставуваат понуда или покана за склучување на договор за купување или продавање на инвестициски купони за меѓусебни фондови, или пак останати финансови средства. Прикажаните информации на оваа веб страница, а кои се однесуваат на било какви приходи остварени во минатото од страна на взаемните фондови или пак, други хартии од вредност, не претставуваат гаранција за какви било финансови приходи во иднина. Идните приходи може да бидат повисоки или пониски од оние остварени во претходните години.

 

Информација

Сопственикот на оваа веб страница ќе се обиде да ја гарантира точноста и ажурираноста на податоците кои се дел од нејзината содржина. Сопственикот го задржува правото на вршење промени на содржината или пак, на прекин ажурирањето на истата, во било кое време и без потреба од претходно известување кон корисникот. Сопственикот на оваа веб страница не сноси одговорност за вршење на технички адаптации на веб страницата. ИЛИРИКА Инвестментс АД Скопје не се смета за одговорна за присуство на каква било грешка во содржината или пак, во точноста на дадените податоци - која може да настане како резултат на временско несовпаѓање, грешки при внес на податоци или пак, други настанати причини.

Содржината која е објавена на оваа веб страница, како и содржината објавена на поврзаните веб страници може да вклучува печатни грешки. ИЛИРИКА Инвестментс АД Скопје изрично ја отстранува својата одговорност од постоење на такви грешки.

Целовкупната содржина која е дел од оваа веб страница е подложна на промена и може да се смета за неточна или невалидна во одреден временски рок. ИЛИРИКА Инвестментс АД Скопје не ја гарантира комплетноста и ажурираноста на содржината пласирана на оваа веб страница.

ИЛИРИКА Инвестментс АД Скопје не е обврзана кон процесот на ажурирање на било кој дел од содржината пласирана на оваа веб страница. ИЛИРИКА Инвестментс АД Скопје поседува право да ја менува содржината пласирана на оваа веб страница, и тоа во било кој дел, и без претходна најава. ИЛИРИКА Инвестментс АД Скопје поседува право да го подобри или промени техничкиот аспект на веб страницата, и тоа во било кое време. 

ИЛИРИКА Инвестментс АД Скопје не се смета одговорна за:

Точност или веродостојност на прикажани мислења, совети или изјави објавени на веб страницата, а кои потекнуваат од трети лица.

Со било кој дел од содржината на поврзаните веб страници.

Со карактеристики или точност на одреден производ или услуга кој е опишан на веб страната или на поврзаните веб страници.

ИЛИРИКА Инвестментс АД Скопје не се смета за одговорна за формата или содржината на податоците кои се доставени преку хипер линкови и врски кон други информативни сервери.

 

Интелектуална сопственост / Бренд

Оваа веб страница е во интелектуална сопственост на ИЛИРИКА Инвестментс АД Скопје. Компанијата ИЛИРИКА Инвестментс АД Скопје е автор на сите записи содржани на оваа веб страница. Секоја содржина, информација, податок, производ, опис на услуга и слика - кои се составен дел на оваа веб страница се предмет на авторски права и на други форми на интелектуална сопственост.

ИЛИРИКА Инвестментс АД Скопје ги поседува сите права на интелектуална сопственост на севкупната содржина, што е овозможено од страна на законската заштита. Содржината која е објавена на веб страницата и на поврзаните веб страници може да се користи единствено за некомерцијални цели. Било каков тип на репродуцирање, промена или пак друг вид на дистрибуција на било кој дел од содржината (или пак, на целовкупната содржина) која е објавена на оваа веб страница, и на поврзаните веб страници, или на податоците кои таа ги содржи се смета за забрането освен во случај кога за таквиот акт е добиено писмено известување од страна на ИЛИРИКА Инвестментс АД Скопје.

 

Заштита на приватност

Веб страницата прибира податоци од типот на информации за контакт и одредени податоци од личен карактер од оние посетители кои имаат желба да дојдат до информации и до контакт со ИЛИРИКА Инвестментс АД Скопје. Самите корисници на оваа веб страница сносат комплетна одговорност за точноста, валидноста и ажурираноста на нивните лични податоци и податоците за контакт. Контакт информациите се користат со цел да се воспостави комуникација со корисниците во случај кога има потреба за тоа и во случај кога посетителот изразил таква потреба.

Личните податоци, како и контакт информациите нема да бидат употребувани во други цели и нема да бидат откриени на трети лица. Со податоците ќе се постапува комплетно во согласност со важечкото законодавство, како и според општите правила и услови. Вашата корисничка IP адреса ќе биде употребена единствено со цел надминување на било какви проблеми со серверот, како и со проблеми при управување со веб страницата.

 

Ограничувања од одговорности при употреба на веб страницата и на поврзаните веб страници

ИЛИРИКА Инвестментс АД Скопје или пак било кој од нејзините вработени: било да станува збор за директор, персонал или претставник - не се смета за одговорна при настанување на какви било тековни или идни, директни или пак, индиректни штети кои можат да произлезат како резултат од (или се поврзани со) користење на веб страницата или со користење на останати поврзани веб страници / или пак со неумеењето да се ракува со веб страницата или со останати поврзани веб страници. Горенаведеното ограничување од одговорност се смета за важечко и во случај кога ИЛИРИКА Инвестментс АД Скопје би била запознаена со можност за постоење на ризик од таква штета. Ова ограничување од одговорност вклучува, но не се лимитира само на - трансфер на било каков вид на компјутерски вирус кој би можел да ја загрози корисничката опрема и да предизвика оштетување на одреден механички или електронски уред, на комуникациски линии, телефони или пак, на било каков вид на преостанати можни проблеми во воспоставувањето на комуникацијата (пр. немоќ за конектирање со интернет провајдер), од неовластен пристап , кражба, проблеми со провајдерите, штрајкови или со други прашања поврзани со работата или пак, поврзани со било каква виша сила. ИЛИРИКА Инвестментс АД Скопје не гарантира постојан, непречен или сигурен пристап до веб-страницата.

ИЛИРИКА Инвестментс АД Скопје не се смета одговорна за било каква форма на загуба или предизвикана штета која може да настане како резултат на информација (без оглед на нејзината точност) која била разгледувана од страна на корисникот и публикувана на самата веб страница, или со било која форма на производ или услуга добиен од страна на поврзани веб страници. Корисникот ја сноси комплетната одговорност за проверка на точноста, валидноста и корисноста на секое мислење, совет или за било која друга содржина - достапна на оваа веб страница или на некоја од поврзаните веб страници. Ви препорачуваме консултација со соодветни стручни лица при ренцензирање на било кои мислења, производи, услуги и останати слични содржини, како и внимателно да ги разгледате сите податоци и информации публикувани на оваа веб страница како и на поврзаните веб страници пред истите да ги употребувате, и тоа со асистенција на некои лица од тимот на ИЛИРИКА Инвестментс АД Скопје или со помош на одредени соодветни професионални лица од оваа област.

Сите информации поврзани со услугите кои ги обезбедува компанијата ИЛИРИКА Инвестментс АД Скопје се достапни на веб страницата www.ilirika.mk . Корисникот на оваа веб страница е согласен со објавените документи со самата своја посета на оваа веб страница.

Контактирајте нѐ заедно да пронајдеме соодветен патоказ кон инвестирање кое ќе доведе до стабилен пораст на вашите финансови средства.

Повикајте нѐ на телефонскиот број +389 2 329 68 53