Рентабилен начин

Условите кои ги нуди капиталниот пазарот во овој момент се доста атрактивни за дејствување - со цел зголемување на капиталот.

Дисперзиран начин

Дисперзираност на финансовите извори и
намалување на зависноста од самите банки.

Флексибилен начин

Флексибилност при селектирање на

должничкиот рок, како и при селектирање
на висината на заложените средства.

Присобирањето на финансовите извори и регулацијата на ликвидноста претставуваат два процеси од важност за било која компанија. Во минатото, компаниите беа зависни од банките и затоа ги одбираа нив, додека во сегашноста промените и развојот - особено на словенечкиот пазар на капитал, се поттикнуваат алтернативните извори за присобирање на средства на пазарот на капитал, и тоа во форма на должнички хартии од вредност.

 

Обезбедуваме консултации за компании поврзани со процесот на престуктуирање на издавање и подготовка на потребната документација, како и во пребарување на и адресирање до потенцијални инвеститори; обезбедуваме и консултација при издавање на комерцијални хартии или обврзници на KDD, како и нивно  запознавање со Љубљанската берза.  

ЗОШТО ДА СЕ ОДЛУЧИТЕ ЗА ИЗДАВАЊЕ НА ОБВРЗНИЦИ ИЛИ КОМЕРЦИЈАЛНИ ЗАПИСИ?

 

Со оглед на неконкурентните активни каматни стапки од страна на локалните банки и ниската стапка на приход на пазарите на капитал, а кога станува збор за должнички хартии од вредност, изникна нова можност за стекнување на извори на финансирање преку пазарот на капитал. Предностите за издавање на должнички хартии од вредност - а во споредба со традиционалното побарување на заем од банката се следните:

 

  • Видоизменување на изворите за финансирање и намалување на степенот на зависност од одделни банки.
  • Флексибилност при селектирање на должничкиот рок, како и повисок степен на прилагодливост.

  • Понизок степен на облигации и клаузули за оптоварување при достигнување на специфични деловни индикатори.

  • Во случај кога издавачот поседува соодветна финансова стабилност -обврзниците или комерцијалните записи не изискуваат дополнително обезбедување, што остава можност постојните осигурувања на издавачот да бидат ослободени и за други деловни потреби.

  • Влез во пазарот на капитал, отворање на дополнителен канал на финансови извори и воспоставување на практика за собирање на ресурси.

  • Ликвидност на должнички финансови средства на секундарниот пазар на капитал.

  • Обезбедена конкурентност на каматните стапки на должнички хартии од вредност во споредба со онаа каматна стапка обезбедена од банките.

  • Подготовка на целовкупната документација потребна за стекнување на извори за финансирање од страна на брокерската куќа.

КОЈ ТИП НА КОМПАНИИ СЕ СМЕТААТ ЗА НАЈСООДВЕТНИ?

 

Како најсоодветен тип на компании се сметаат оние кои:

  • поседуваат план за дополнителни инвестициони побарувања, било да станува збор за обновување или проширување на производството - преку апроприација или останати видови на деловни активности;
  • се "умерено" задолжени компании;
  • имаат потреба од минимален износ од 3 милиони евра во ресурси.

ПРОЦЕС НА ИЗДАВАЊЕ НА ОБВРЗНИЦИ И КОМЕРЦИЈАЛНИ ЗАПИСИ

Сеопфатната консултација е заснована врз меѓусебниот разговор каде се изложуваат желбите и очекувањата од страна на корисникот.

Тестирањето на пазарот се реализира со цел да се дојде до индикативната каматна стапка, како и обемот на резултатот.

Се подготвува документ за презентација (лифлет), како и друга продажна документација - додека истовремено се составува и листинг на потенцијални инвеститори кои се од интерес.

Огласување на исходот меѓу локалните и странските потенцијални инвеститори, организација на презентациски конференции за потенцијални инвеститори во Словенија и во странство.

Понуда на запис и менаџирање на книгата на нарачки, решавање на правните процедури со Централната Клириншка куќа и издавање на комерцијални записи во централниот регистар на КДД. Доколку е тоа побарано од страна на корисникот, и воведување на издадени обврзници или комерцијални записи за тргување на организираниот пазар на хартии од вредност (како што е изработката на документи за застапување и воведување на комерцијални записи за тргување на пазарот.)

КОНТАКТИРАЈТЕ НЕ

Достапни сме за вашите прашања или дополнителни информации:

IGOR ŠTEMBERGER

раководител на одделението и претседател на управата на ИЛИРИКА д.д., Словенија

T: 00386 1 300 22 70

E: igor.stemberger@ilirika.si