Процес на менаџирање со средства

 

Процесот на управување со средства се заснова на меѓусебна доверба. На почетокот довербата ја втемелуваме врз персонална, искрена и длабинска дискусија за да ги спознаеме вашите инвестициски цели, времето во кое посакувате да ги достигнете тие цели и степенот на ризик кој сте подготвени да го превземете во реализацијата на вашите инвестициски потфати. Потоа ги сумираме постигнатите компромиси и договори во персонализиран финансиски план кој е понатамошен темел на нашата обострана соработка на долгорочно ниво. 

 

Главниот фокус на персонализираниот финансиски план е селекцијата на адекватната инвестициона политика која во потполност ќе ги задоволи вашите очекувања. Инвестиционата политика се разликува според висината на очекуваниот приход, како и според степенот на ризик на кој сте подготвени да ги изложите вашите средства. Затоа, дозволете ни да ви помогнеме да го направите вистинскиот избор на инвестиција од низок, нормален или висок ризик. Следен чекор по изнаоѓањето на вистинскиот избор е склучување на меѓусебен договор како и трансфер на средства кон сметката за тргување.

 

Имајќи ја предвид инвестиционата политика селектирана од страна на корисникот, ние поставуваме цел да постигнеме приходи кои ќе бидат над просекот. На овој начин компанијата се обидува да извлече подобри резултати од пазарниот репер преку нивно постојано активно менаџирање. Селекцијата на инвестиции на вашите средства се извршува преку распределување во насока од врвот кон надоле. На почетокот стартуваме со анализа на поширокото макроекономско опкружување (регионот/државата) за потоа да продолжиме со анализа на попрецизна селекција на сектори (индустрии / ограноци). Заклучокот се сведува преку детална анализа на компаниите кои покажуваат највисок степен на перспектива. На овој начин ИЛИРИКА го одржува најадекватниот состав на вашето корисничко портфолио.

 

Пазарните услови претставуваат менлива категорија, па затоа брзата реакција е од клучна важност. Менаџерите во ИЛИРИКА внимателно ги мониторираат како анализите на пазарот, така и економијата и селектираните компании. Навремената распределба на средствата низ различните класи на инвестиција (акции, обврзници и сл.) ја одржува контролата врз непостојаноста на вредноста од средствата и се стреми кон постигнување на поквалитетен резултат од оној на пазарниот репер.

 

Контактирајте го вашиот персонален менаџер преку телефон или преку емаил адреса и закажете состанок во било кое време во текот на работниот ден за да добиете одговор на вашите прашања и коментари. Тимот е подготвен да го искомуницира статусот на вашето портфолио и тоа преку месечен и квартален извештај.

Закажете состанок.

Компанијата ги менаџира вашите средства преку индивидуален пристап. Затоа е потребно да ги споделите со нас контакт информациите и да ни дозволите да ја искажеме својата подготвеност да го пресретнеме вашето барање, да ве ислушаме и да ве советуваме.

Контактирајте нѐ заедно да пронајдеме соодветен патоказ кон инвестирање кое ќе доведе до стабилен пораст на вашите финансови средства.

Повикајте нѐ на телефонскиот број +389 2 329 68 53