Процедури и формулари

ИЛИРИКА Кеш Фонд

Инвестициски цели, инвестициска политика и планирана структура на портфолиото на отворениот фонд

Фондот е основан со цел здружување на парични средства наменети за инвестирање, по пат на јавен повик за купување на удели од Фондот и вложување на тие средства согласно Законот, Статутот и Проспектот на Фондот, со цел диверзификација на ризикот од вложувањето и остварување на континуиран принос на инвестираните средства.

Како инвеститори во Фондот може да се јават домашни и/или странски, физички и/или правни лица. Инвестициската цел на Фондот е зголемување на вредноста на имотот, остварување на постојан раст на вредноста на уделот и високо ниво на сигурност при вложувањето. За реализација на инвестициската цел Друштвото планира да ги вложува средствата од имотот на Фондот претежно во портфолио на нискоризични должнички хартии од вредност и инструменти на пазарот на пари.

Инвестициската политика на Фондот се базира на стекнатото искуство на ИЛИРИКА како Групација во процесот на управување со средства.

2.1. Друштвото ќе ги инвестира средствата на Фондот во хартии од вредност на издавачи чие седиште, односно претежна дејност се врши на територијата на следниве земји:

2.1.1 Република Македонија, земји членки на ЕУ и ОЕЦД

2.1.2 Земји кои не се членки на ЕУ и ОЕЦД

Хрватска, Босна и Херцеговина, Србија, Црна Гора, Албанија, Украина.

  • депозити кај овластени банки во Република Македонија со рок на доспевање пократок од 1 година (со услов најмногу до 20% од имотот на фондот да биде во една банка);
  • краткорочни должнички хартии од вредност издадени или за нив гарантира Република Македонија или НБРМ;
    • останати должнички хартии од вредност издадени или за нив гарантира Република Македонија или НБРМ;
    •  краткорочни должнички хартии од вредност и инструменти на пазарот на пари издадени од единиците на
    • локалната самоуправа или други домашни издавачи со седиште во Република Македонија;
  • останати должнички хартии од вредност и инструменти на пазарот на пари издадени од единиците на локалната
  • самоуправа или други домашни издавачи со седиште во Република Македонија;
  • должнички хартии од вредност издадени од или за нив гарантира земја членка на ЕУ, ОЕЦД или некоја од земјите наведени во потточка 2.1.2.
  • должнички хартии од вредност на издавачи од земји членки на ЕУ, ОЕЦД или некоја од земјите наведени во потточка 2.1.2.
  • удели во нискоризични отворени инвестициски фондови.

Вложувањата во должнички хартии од вредност издадени од Република Македонија, земји членки на Европската Унија и ОЕЦД може да надминат 35% од имотот на Фондот.

ИЛИРИКА Југоисточна Европа

ИНВЕСТИЦИСКИ ЦЕЛИ, ИНВЕСТИЦИСКА ПОЛИТИКА И ПЛАНИРАНА СТРУКТУРА НА ПОРТФОЛИОТО НА ИНВЕСТИЦИСКИОТ ФОНД

Фондот се основа со цел здружување на парични средства наменети за инвестирање од домашни и/или странски физички и/или правни лица преку јавен повик, со кои за сметка на инвеститорите управува Друштвото, во согласност со Законот, Статутот и Проспектот на Фондот.

Паричните средства се прибираат преку продажба на удели во Фондот, а Друштвото истите ќе ги вложува во свое име и за сметка на сопствениците на удели во согласност со одредбите од Законот, Проспектот и Статутот на Фондот. Фондот е во сопственост на сопствениците на удели. Покрај правото на сразмерен дел во добивката на фондот, сопствениците на удели имаат право во секое време да побараат откуп на уделите и на тој начин да истапат од фондот.

Во процесот на управување со средствата, Друштвото има за цел прибраните парични средства во Фондот да ги вложува во пазари на финансиски инструменти заради остварување принос, пред се на долг рок, почитувајќи ги ограничувањата во вложувањата, како и потребите за ликвидност и сигурност на вложените средства.

Најголемите предности при вложувањата во удели од Фондот се:

  • атрактивен принос со умерен ризик
  • професионално управување со средствата на фондот
  • диверзификација на портфолиото по земји, валути, инструменти, сектори
  • автоматско реинвестирање на добивката
  • моментална ликвидност
  • намалени трошоци за управување со средствата.

Друштвото може да ја промени инвестициската политика на Фондот со измена и дополнување на Проспектот, на тој начин што одлуката за нивната измена и дополнување се доставува до сопствениците на удели пред поднесување на барање за одобрение на измените до Комисија за хартии од вредност, со известување дека истите ќе стапат во сила по добивање на одобрението од Комисијата, како и за можноста истите да истапат од Фондот пред стапување во сила на измените на Проспектот.

Инвестирањето во инвестицискиите фондови е едноставно! Само во неколку чекори може да почнете со инвестирање во инвестициските фондови. Почнете да добивате надпросечни приноси со сите предности, кои ги носат фондовите!