Donald Trump
Објавено: 23. 11. 2016

 

Инвеститорите на берзите низ целиот свет се позиционираат себеси за профитирање од очекуваната зголемена државна потрошувачка од администрацијата на идниот претседател на Соединетите Американски Држави, Доналд Трамп.

Обновувањето и надоградувањето на инфраструктурата на САД беше еден од темелите на кампањата на Трамп, и тој во своето прво обраќање кон нацијата како иден претседател рече: „Ние ќе ја обновиме нашата инфраструктура, која патем ќе стане најдобра во светот. И ние ќе вработиме милиони наши луѓе како што ќе ја реновираме.“

Таквите ветувања не се поддржани од зголемувања на даноци. Напротив, Трамп ветува дека ќе го намали персоналниот данок и ќе го пресече корпоративниот данок од 25% на 15%. Таквите диспропорционални промени на јавниот буџет би можеле да додадат 5 трилиони долари на веќе високиот долг на САД. Трамп повеќе пати беше критикуван како фискално-неодговорен од сопствената партија.

На 4ти Ноември S&P 500 се затвори на четири месечно дно, по редица загуби какви што не се видени со декади. Потоа со почетокот на изборната седмица, берзите во САД покажуваа релативно силен раст додека Хилари Клинтон беше ослобудувана од истрагата на ФБИ и изгледаше како да ќе ги победи изборите. И во првите неколку часа шансите на Трамп изгледаа мали, бидејки првите држави гласаа за Клинтон и беше потребна неприкосновена поддршка од сите останати држави за Трамп да добие водство (пресврт невиден од времето на Роналд Реган).

Но за неколку часа светот беше во шок како што доаѓаше лавина на гласови, и јавноста на САД изгласа магнат и ѕвезда на ТВ шоу за свој претседател. Општата паника на берзите ги спушти индексите на нивоа какви што видовме за време на Брегзит гласањето, а цената на златото се крена на еден од своите годишни врвови.

И тука завршува сличноста со Брегзитот. На тие ниски цени на индексите и високи цени на златото, некои од најпочитувани инвестициски менаџери во светот се репозиционираа. Предводени од Стенли Друкенмајлер, кој ги ликвидираше сите свои инвестиции во злато и ги позиционираше своите фондови да профитираат од ново-очекуваното државно потрошување, новиот став на професионалните инвеститори најдобро се сумирани во неговите зборови. Друкенмајлер рече: „Го продадов сето мое злато на вечерта на изборите, сите причини поради кои го поседував последниве неколку години, се чини дека исчезнуваат – и патем, исчезнуваат на глобално ниво.“

Така почна новиот раст на берзите. Со отворањето на тргувањето, сентиментот на инвесторите беше очигледно позитивен и изгледа како да веќе смислиле начин да профитираат од политиката на идниот претседател на САД.

Финансикиот сектор е веќе позициониран, индустријата има време да следи и политичката тензија почнува да се стабилизира во САД. Меѓународно Трамп доби честитки од претседателот на Руската Федерација – Владимир Путин, и цензура од Кина. Но и покрај чувството дека светот се подготвил за идниот претседател на САД – Доналд Трамп, ако нешто докажа неговата борба до претседателството е тоа е дека обложувањето на Трамп е непредвидливо. Генерално, многу малку од политичките аналитичари предвидоа дека тој ќе победи. А најпредвливата работа која ТВ ѕвезда-магнатот претворен во огнен демагог кој ветуваше превртни промени во САД и светот – е да го задржи статус-квото во Американската политика.