Илирика успешно го спроведе преземањето на „Горење“ од „Хисенс“
Објавено: 24. 07. 2018

Кинескиот холдинг „Хисенс“ (Hisense), официјално, стана сопственик на словенечката компанија за бела техника „Горење“ (Gorenje). Сега компанијата „Хисенс“ поседува 95.42% во сопственичката структура на компанијата за производство на апарати за домаќинство и бела техника од Велење.Во преземањето учестуваа инвестициски советници од Илирика.

Понудата за откуп е прифатена од 5.165 акционери, пришто компанијата „Хисенс“ плати вкупно 183 милиони евра за докупување на останатите 62.46% од акциите. Со ова, е проценета на нешто помалку од 300 милиони евра. Пред преземањето, Hisense поседуваше 32.96% од акциите во „Горење“.

Од компанијата „Хисенс“ велат дека нема да има промени во брендот „Горење“, туку фабриката во Велење ќе биде нов центар за истражување и развој на „Хисенс“. Со ова, тие ќе ја зголемат ефикасноста во производството преку интеграција на производствените капацитети.

Игор Штембергер, претседател на Управниот одбор на Илирика, задолжена за преземањето, очекува одобрувањето да се добијат наесен. Превземањето треба да биде одобрено од регулаторите на пазарите каде што работат двете компании, како и од Европската комисија.