Инвестициските фондови го здружуваат имотот на поголем број инвеститори, кој го управуваат експерти. Бидејќи за профитабилноста на инвестициите во фондовите се грижат искусни управувачи, нема потреба да ги следите случувањата на светските пазари и постојано да реагирате на промените. Со инвестирање во фондови едноставно, поволно и безбедно доаѓате до најдобрите инвестициски можности дома и во светот!

Eдноставност  на инвестирањето во фондови

Инвестирањето во инвестициски фондови е многу едноставно, бидејќи грижата за вашите инвестиции во целост ја преземаат експерти. За започнување на инвестирањето не ви е потребно никакво предзнаење.

Флексибилност на уплатите

Во фондовите уплатувате, како што најмногу ви одговара:може да влезете со еднократна уплата или да штедите постепено, со месечни уплати според избраниот план за инвестирање.

Ликвидност на средствата

За разлика од орочените депозити во банките, средствата во фондовите ви се секогаш на располагање. Ако решите да излезете од фондот, средствата во пари ви ги префрламе на ваша лична сметка во рок од седум дена. Исплатите од фондот ИЛИРИКА Кеш Фонд се извршуваат веќе наредниот работен ден.

Трошковни поволности

Инвестирањето во фондовите ви овозможува ефикасно инвестирање во светски акции, обврзници и други финансиски инструменти и со пониски износи, како на пример 1000 денари, бидејќи не сте оптоварени со фиксни трошоци, поврзани со непосредно инвестирање во акции или обврзници.

Дисперзираност на инвестициите

Средствата на фондовите се дисперзирани во различни хартии од вредност (акции, обврзници и други) и затоа сте помалку изложени на пазарен ризик, отколку имотот целосно да го вложите во една или во неколку инвестиции

  • ПРОФИТАБИЛНО НА ДОЛГ РОК

    Фондовите се одлична можност да се постигне долгорочен принос, кој е поголем од оние на банкарските депозити. Портфолио менаџерите се грижат имотот на фондот да биде оптимално инвестиран со долгорочна цел за постигање на надпросечни приноси.

  • БЕЗБЕДНО

    Врз безбедноста на фондовите во Република Македонија се грижи Комисијата за хартии од вредност, регулаторен орган, одговорен за надзор на друштвата за управување со фондови. Вредноста на фондовите дневно ја пресметува депозитната банка.

  • ИНДИВИДУАЛНО

    Од фондовите на ИЛИРИКА изберете ја својата комбинација на фондови, која со својата профитабилност и безбедност најмногу одговара на вашите очекувања и инвестициските цели.

Инвестирањето во инвестицискиите фондови е едноставно! Само во неколку чекори може да почнете со инвестирање во инвестициските фондови. Почнете да добивате надпросечни приноси со сите предности, кои ги носат фондовите!