колачиња

Оваа интернет страна употребува колачиња заради собирање на податоци за посетите. Изберете можност »Продолжи« или на овој линк исклучете ја употребата на колачиња. Продолжи
  MK  

Инвестициските фондови го здружуваат имотот на поголем број инвеститори, кој го управуваат експерти. Бидејќи за профитабилноста на инвестициите во фондовите се грижат искусни управувачи, нема потреба да ги следите случувањата на светските пазари и постојано да реагирате на промените. Со инвестирање во фондови едноставно, поволно и безбедно доаѓате до најдобрите инвестициски можности дома и во светот!




Инвестирањето во инвестицискиите фондови е едноставно! Само во неколку чекори може да почнете со инвестирање во инвестициските фондови. Почнете да добивате надпросечни приноси со сите предности, кои ги носат фондовите!


Видови на планови за инвестирање

Програмирани Уплати

Програмираниот план на ИЛИРИКА претставува рамка за континуирано инвестирање, со која инвеститорите добиваат единствена можност со мали износи низ релативно долг период да акумулираат значителна вредност. Овој инвестициски план може да се прилагоди во износ од 1.000 денари па нагоре, на интервали кои најмногу би ви одговарале, месечни или квартални или полугодишни. Програмираните уплати се препорачуваат за почетници инвеститори, бидејќи со купувањето на интервали се купува на различни цени, па дури и краткорочно да падне цената на уделот, инвеститорот купува и по пониската цена и со тоа ја упросечува куповната цена блиску до моменталната.

Годишен Инвестициски План

Годишен инвестициски план претставува специјално дизајнирано решение за функционално штедење и паметно инвестирање во услови на криза. Преку еднакви годишни уплати во фондовите - вашите средства би можеле двојно или тројно да се зголемат. Се склучува на минимален временски период од 10 години, со минимална годишна уплата од 350 евра. Како и во програмираните уплати, годишните уплати ја упросечуваат куповната цена, но во кризнуи услови кога цената флуктуира поволатилно, можноста за заработка статиситчки е уште поголема.

Нееднакви Уплати

Доколку сакате долгорочно да купувате удели од фондот, нееднаквите уплати се за Вас. Овој инвестициски план е наменет за клиенти кои планираат во определен пеирод да купуваат удели по цени кои ги сметаат за ниски. Со тоа ви се овозможува да акумулирате удели по цени кога вредноста паѓала. Овој инвестициски план го препорачуваме за клиенти кои активно го следат движењето на уделот и сметаат дека се запознаени со тоа, што е ниска цена за купување.

Порано или подоцна ќе дојде моментот кога ќе мора да размислиме за сите клучни финансиски прашања во животот како што се пензионирање, школување на деца, купување стан, куќа итн. Пензиските реформи насекаде се соочуваат со проблеми и страв од можен колапс на пензискиот систем, при што се поставува прашањето, како во иднина да обезбедиме дополнителна заштеда за мирни пензионерски денови.

Добрата вест е, што порано се започне со инвестирање, временскиот хоризонт е поголем и толку повеќе парите имаат потенцијал да се оплодуваат. Парите работат за вас, а со тоа се остваруваат и вашите финансиски цели.


Често поставувани прашања

Што е инвестициски фонд и како да инвестирам во него?

Инвестицискиот фонд обединува имот во сопственост на поголем број инвеститори, кој го управуваат лиценцирани портфолио менаџери. Целиот имот на фондот е поделен на удели, чии сопственици се инвеститорите во фондот. Со секоја уплата во фондот купувате одреден број на удели на фондот и со тоа станувате сосопственик на фондот. Секој удел е пропорционално дисперзиран на сите инвестиции на фондот, а со тоа и вашиот имот кој се наоѓа во фондот.

Зошто фондовите претставуваат одлична алтернатива на штедењето во депозити?

Инвестициските фондови во принцип се попрофитабилни од орочените депозити во банките, особено на долг рок, Во споредба со орочените депозити, тие се и пофлексибилни и трошковно поефикасни. Кај фондовите сите инвеститори постигнуваат процентуално еднакви високи приноси, без оглед на уплатените средства. Покрај тоа, вашите средства во инвестициските фондови всушност се поликвидни отколку кај депозитите. Доколку средствата инвестирани во фондовите ви се потребни во било кое време, тие ќе ви бидат исплатени во неколку дена.

Кои типови на фондови ги управува ИЛИРИКА?

ИЛИРИКА управува со различни типови на фондови и така ви овозможува да составите комбинација, која најдобро одговара на вашите потреби и инвестициски цели. Паричниот фонд ИЛИРИКА Кеш Фонд инвестира во побезбедни инвестиции, како што се депозити или обврзници. ИЛИРИКА Глобал Растечки Пазари и ИЛИРИКА Југоисточна Европа се најризични фондови, но и потенцијално најпрофитабилни фондови, бидејќи поголемиот дел од нивните инвестиции претставуваат акции.

Кој е минималниот износ за започнување на инвестирање во фондовите? +

Инвестирање во инвестициските фондови може да се започне со мали износи. Имено, најмалата уплата за нашите фондови е 1000 денари за акциските, 10000 денари за паричниот.

Како периодот на инвестирање влијае врз изборот на соодветниот фонд?

Акциските фондови по правило се попроменливи од паричните. Тоа значи дека нивната вредност краткорочно повеќе се менува, а поради поголемиот ризик во одреден период приносот може да биде и негативен пред повторно да се сврти нагоре. Затоа при инвестирањето воИЛИРИКА Глобал Растечки Пазари и во ИЛИРИКА Југоисточна Европа ви советуваме период на инвестирање од барем 3 години. Ако имате намера да штедите покус период или сакате да избегнете осцилации на вредноста на имотот, ви го советуваме фондот ИЛИРИКА Кеш Фонд.