колачиња

Оваа интернет страна употребува колачиња заради собирање на податоци за посетите. Изберете можност »Продолжи« или на овој линк исклучете ја употребата на колачиња. Продолжи
  MK  

ПОСТАПКИ И ФОРМУЛАРИ


Продажба на македонски акции


Поседувате македонски акции и сакате да ги продадете или да добиете понуда за превземање? Ние можеме да ви помогнеме! Вашите акции ќе ги продадеме брзо, стручно и поволно, или ќе ви најдеме поволна понуда за превземање.

Посетете нѐ лично во седиштето на ИЛИРИКА Инвестментс А.Д. на бул.Св.Климент Охридски 45, кат 1, локал 8 во Скопје. Ние ќе ве водиме низ целата постапка од склучување на договор и отворање на сметка до продажба на акциите.


Потребни ви се следниве документи:


Физички лица:

  • Лична карта/пасош;
  • Извод од сметка од Централниот депозитар за хартии од вредност (ЦДХВ);
  • Трансакциска сметка од која било банка.


Домашни правни лица:

  • Фотокопија од тековна состојба од Централниот регистар на Македонија;
  • Фотокопија од лична карта/пасош на овластениот потписник на правното лице;,
  • Фотокопија од потписен картон ЗП образец;
  • Жиро сметка;
  • Извод од сметка од ЦДХВ.

Постапка за продажба на акции


ЧЕКОР 1:

Потпишување на Договор за берзанско посредување и на документите за отворање на сметка во Централниот депозитар за хартии од вредност.


ЧЕКОР 2:

Консултации со берзанскиот посредник во врска со цената, по која би ги продале акциите и прифаќање на налог за продажба.


ЧЕКОР 3:
Спецификација на банкарската сметка на која сакате да ви се префрлат средствата од продадените акции. По три работни дена од извршената продажна трансакција ќе ги добиете средствата на вашата банкарска сметка.


Постапки за купување акции

Купување македонски акции

Сакате да купите акции на македонски компании, кои котираат на Македонската Берза? Ние можеме да ви помогнеме! Брзо, стручно и поволно:

Посетете нѐ лично во седиштето на ИЛИРИКА Инвестментс А.Д. на бул.Св.Климент Охридски 45, кат 1, локал 8 во Скопје. Ние ќе ве водиме низ целата постапка за склучување договор и за отворање сметка.


Потребни ви се следниве документи:


Физички лица:

  • Лична карта / пасош;
  • Извод од сметка од Централниот депозитар за хартии од вредност (ЦДХВ);
  • Трансакциска сметка од која било банка.


Домашни правни лица:

  • Фотокопија од тековна состојба од Централниот регистар на Македонија;
  • Фотокопија од лична карта/пасош на овластениот потписник на правното лице;
  • Фотокопија од потписен картон ЗП образец;
  • Жиро сметка;
  • Извод од сметка од ЦДХВ.

Постапка за продажба на акции


ЧЕКОР 1:

Потпишување на Договор за берзанско посредување и на документите за отворање сметка во Централниот депозитар на хартии од вредност.


ЧЕКОР 2:

Консултации со берзанскиот посредник во врска со цената, по која би ги купиле акциите и прифаќње на налог за купување.


ЧЕКОР 3:
Најдоцна за три работни дена по трансакцијата за купување треба да се префрлат средствата на сметката на клиентите на ИЛИРИКА Инвестментс А.Д. во Централната банка на Македонија: 100000000070273, шифра 262, начин 1.


Ценовник на услугите

TАРИФНИК ЗА ВИСИНАТА НА НАДОМЕСТОЦИТЕ НА ИЛИРИКА ИНВЕСТМЕНТС АД СКОПЈЕ

1. Тргување со хартии од вредност

1.1 За купување и продавање на акции максималната висина на надоместокот изнесува 3%, но истиот не може да биде понизок од 500 денари.

1.2 За купување и продажба на обврзници и краткорочни хартии од вредност максималната висина на надоместокот изнесува до 3% но истиот не може да биде понизок од 500 денари.

* Регулаторните и административните органи наплаќаат трошоци на секој трансакцијта. Клиентите треба да бида свесни дека тие наплаќаат фиксно : Комисија за Хартии од Вредност – 0,015% Македонска Берза – 0,25% Централен Депозитар 0,1%.

2. Други надоместоци

2.1 Висината на надоместокот за блок трансакции, тргувањето со пакети акции и удели во сопственост на државата и надомест за инвестиционо советување се утврдува по договор.

* Најниска провизија што брокерската куќа може да ја наплати од куповна трансакција е 50 ден , н ајниска ш то може да ја наплати од продажна трансакција е 10 0 ден .


НАПОМЕНА

Одборот на директори на Илирика Инвестментс АД Скопје го задржува правото да се договори со клиентот или инвеститорот за поинакво тарифирање од наведениот тарифник. Илирика Инвестментс АД Скопје го задржува правото на промена на тарифникот без претходна најава. Скопје, 01.10.2010 година