колачиња

Оваа интернет страна употребува колачиња заради собирање на податоци за посетите. Изберете можност »Продолжи« или на овој линк исклучете ја употребата на колачиња. Продолжи
  MK  
Успехот на Вашето превземање или продажба зависи од изборот на вистинскиот посредник. Комбинацијата на соодветна стратегија за превземање или продажба, и длабинското познавање на секторот води до најдобар резултат.

ИЛИРИКА здружува искусни, способни и совесни стручни лица, специјализирани за подготовка на сеопфатни финансиски решенија, прилагодени на вашите индивидуални потреби.


СОВЕТУВАЊЕ ЗА ПРОДАЖБА

Низ годините на работење и исполнување на потребите на клиентите развивме успешен двофазен продажен процес. Тој обезбедува максимизирање на продажната вредност, со истовремено остварување на останите цели на превземањето



  1. Определување на платформа и цели на продажбата
  2. Предложување и избор на стратегија
  3. Подготовка на термински план
  4. Составување на група изведувачи
  5. Прелимирнарна проценка на вредноста
  1. Подготовка на сите продажни документи
  2. Подготовка на широка листа на потенцијални финансиски и стратешки инвеститори
  3. Потпишување на договори за доверливост на информации
  1. Дистрибуција на продажните документи
  2. Прибирање на интерес и повратни информации од страна на потенцијалните инвеститори
  3. Прибирање и проценка на необврзувачки понуди
  4. Соработка при изборот на потесен круг заинтересирани инвеститори
  1. Изработување на длабинска анализа
  2. Формирање на база на податоци
  3. Организација на состаноци со заинтересирани инвеститори и раководството на компанијата и разгледување на компанијата
  4. Прибирање на обврзувачки понуди
  1. Водење на преговори со потенцијални инвеститори
  2. Евалуација на обврзувачките понуди
  3. Консултации во подготвувањето на купопродажни договори


СОВЕТУВАЊЕ ЗА КУПУВАЊЕ

Превземањето на компанија може да биде клучна стратегија за зголемување на растот, за барање на пазарни можности и за искористување на економиите од обем. Со изборот на искусен посредник, како што е ИЛИРИКА, процесот на преземање е многу полесен, а можностите за успех се значително поголеми.



  1. Определување на платформата и целите на преземањето
  2. Подготовка на стратегија за преземање
  3. Подготовка на термински план
  4. Составување на група изведувачи
  1. Истражување на пазарот
  2. Идентификација на потенцијални компании за превземање
  3. Оценка на соодветност и погодност
  4. Одредување на целна компанија
  1. Прибирање на информации за целната компанија
  2. Организација и советување при длабинска анализа
  3. Подготовка на документацијата за понуда
  4. Спроведување на состаноци со раководството на компанијата
  5. Подготовка на обврзувачка понуда
  1. Одредување преговарачка стратегија
  2. Советување и соработка во преговорите
  3. Потпишување на договор
  1. Помош при пријавувањето на купувањето на целната компанија во Комисијата за Заштита на Конкуренцијата
  2. Извршување на постапката за преземање
  3. Услуги во врска со преносот на акциите на целната компанија на преземачот