колачиња

Оваа интернет страна употребува колачиња заради собирање на податоци за посетите. Изберете можност »Продолжи« или на овој линк исклучете ја употребата на колачиња. Продолжи
  MK  

 

Финансиски инструменти: 

 

Хартии од Вредност  – Aкции во акционерските друштва, обврзници, инструменти на пазарот на пари, финасиски деривати, потврди на странски хартии од вредност, акции и удели во инвестиционите фондови, други финансиски инструменти кои според Комисијата се сметаат за хартии од вредност. Самите Хартии од Вредност се непорекливи документи за имот. Имателот на хартиите и полноправен сопственик според закон.

 

Акции – Акциите во акционерските друштва се хартии од вредност кои претставуваат сопствеништво врз компанијата која ги издала. Акционерите се стекнуваат со сите права на сопственик но не одговараат за компанијата. Aкционерите се де факто сопственици на корпорациите во кои поседуваат акции.

 

Обврзници – Должнички инструменти кои ги издваат државите и компаниите. Обврзниците исплаќаат фиксна камата на дефинирани периоди. На секундарниот пазар номиналната вредност на обврзниците варира и според нејзината вредност инвеститорите можат купат поголем принос.

 

Удели – се делат на удели во трговски друштва и инвестициски фондови. Удел во трговска друштво може да се купи вон берза по пат на договор. Уделите во инвестициските фондови се купуваат директно од фондот и претставуваат сопствеништво врз одреден дел од фондот.

 

Финансиски дефиниции:

 

ИСИН Број – комбинација на бројки и букви со кои се идетификува конкретната емисија, земјата на издавачот, видот на хартии од вредности како и други обележја.

 

Пазарна капитализација – вредноста по која инвеститорите вреднуваат едно акционерско друшто на одреден ден. Тоа е вредноста која се добива со множење вкупниот број на издадени акции и просечната цена на одреден датум. Со таа пресметка добиваме колку вреди една цела компанија на пазарот, колку се капитализира.

 

Котација – е позиционирање на одредена класа на хартии од вредност од страна на берза на посебна платформа за тргување врз основа на договор помеѓу берзата и издавачот на тие хартии од вредност со кој се регулираат меѓусебните права и обврски

 

Проспект – е писмен документ во кој се содржани сите релевантни податоци кои му овозможуваат купувачот на хартии од вредност, опишани во документот, да направи проценка за правното, финансиското и деловното работење на издавачот, за инвестициониот ризик и правата кои произлегуваат од понудените хартии од вредност.

 

Организации:

 

Акционерско друштво – е компанија чија што основна главнина е поделена на акции кои инвестиорите можат да ги купат на берзата. Акционерите се полноправни сопственици на компанијата во која инвестирале и имаат право на дел од профитот (дивиденда) При тоа, акционерите не одговараат за обврските на акционерското друштво.

 

Берза  – секундарното тргување се врши преку берза на хартии од вредност, овластена од Комисијата. Секоја трансакција која ќе се изврши надвор од берзата се смета за ништовна.

 

Примарен пазар – е првото продавање на хартиите од вредност од страна на издавачите, односно првото запишување и уплата на хартиите од вредност.

 

Секундарен пазар – секој организиран пазар кој овозможува отуѓување на запишаните хартии од вредност од примарниот пазар.

 

Брокерска куќа – Акционерско Друштво кое има дозвола за работа од Комисијата за Хартии од Вредност согласно Законот за хартии од вредност.

 

Банка членка – банка која има дозвола од Комисијата за вршење на брокерски услуги согласно законот за хартии од вредност. Сите банки членки имаат сопствен брокерски оддел.

 

К о мисија – е Комисија за Хартии од Вредност, која претставува самостојно и независно регулаторно тело со јавни овластувања утврдени со Законот за инвестициони фондови, Законот за превземање на акционерски друштва и на сите подзаконски акти донесени врз основа на овие закони.

 

Централен Депозитар за Хартии од Вредност –   саморегулрачка организација задолжена за регистрирање на хартиите од вредност, порамнување на трговските трансакции и вршење на нетрговски преноси со хартии од вредност

 

Инвестициски фонд – здружување на парични средства на правни и физички, домашни и странски лица, наменети за инвестирање во хартии од вредност. Паричните средства се прибираат во инвестицискиот фонд преју јавен повик и со нив за сметка на инвеститорите управува друштво за управување со инвестициски фондови.

 

Друштво за управување со инвестицики фондови – Акционерско друштво, согласно Законот за трговски друштва, чии единствен предмет на работење е е основање и управување со инвестициски фондови, во име и за сметка на имателите на документи за удели во отворените фондови и имателите на акции во затворените фондови.

 

Отворен фонд – претстатвува посебен имот, без својство на правно лице, чии сопственици на докумети за удел имаат право на сразмерен дел во добивката на фондот и право да бараат откуп на уделите. Вреднувањето на документите за удел го обавува депозитната банка со секојдневно обајвување на вредноста на уделите и воедно е задолжена за откуп или продажба на уделите на инвеститорите.

 

Затворен фонд – Затворен фонд е акционерско друштво кое се основа за прибирање на парични средства преку јавен повик за продавање на сопствени акции и вложување на тие средства во хартии од вредност. Со акцците на затворените фондови обично се тргува на берза а вреднувањето на акцците го прават инвеститорите зависно од приносот оставрен на фондот.

 

Депозитарна банка – банка која има дозвола од Комисијата за хартии од вредност за вршење на дејност на водење на евиденција на вложувањата на клиентот во хартии од вредност и да постапува по налог на клиентот поврзано со вложувања во хартии од вредност а во согласност со законот за инвестициони фондови.

 

Работење со хартии од вредност:

 

Тргување со хартии од вредност – секоја продажба или купување на хартии од вредност по нивната првична емисија.

 

Трансакции – се промени на сопственоста на хартиите од вредност на секундарен пазар како резултат на нивно купување или продавање.

 

Налог за купување или продажба – Документ кој клиентот - купувач или клиентот - продавач го даваат на своите брокери за извршување на купување, односно продажба на јасно посочени хартии од вредност со јасно дефинирана количина за купување или продажба и по јасно дефинирана цена на реализација налогот.

 

Просечна цена – Цена на одредена хартија од вредност пондерирана од сите цени остварени во текот на датумот на дневната листа.

 

Процентуална промена – позитивна или негативна промена на просечната цена на даден датум во однос на претходен датум.

 

Последна цена – цена по која е склучена последната трансакција за одредена хартија од вредност.

 

Минимум и максимум – минималната и максималната остварена цена на одредена хартија од вредност на одреден датум.

 

Волумен – количина на истргувани хартии од вредност за даден датум на дневната листа.

 

Зона на флуктуација – опсегот во кој може да се движи цената на одредена хартија од вредност на одреден датум, односно опсегот во кој можат да се склучуваат купопродажни трансакции.

 

Реперна цена – цена поставена на граница на зоната на флуктуација по која не е дозволено склучување на трансакции.

 

Аукциска цена – цена оставрена на аукциска продажба по методот „највисока предложена цена„

 

Блок трансакција – трансакција со хартии од вредност со кои се тргува на официјалниот или неофицијалниот пазар на Македонската берза, а која е склучена надвор од континуираното тргување или фиксинг, во билатерален договор помеѓу најмногу 30 купувачи и 30 продавачи и по правила јасно дефинирани во процедурите за тргување на Македонската берза.

 

Јавна понуда – е јавен повик за запишување и купување на хартии од вредност објавен во средствата за јавно информирање.

 

Депозит – обврзувачки паричен износ кој потенцијалниот купувач го уплаќа на клиентската сметка пред купување на хартии од вредност

 

Аукција – метод на приватизација на општевствениот капитал со наддавање на потенцијалните купувачите, во согласност со утврдените услови за јавна берзанска аукција.

 

Тендер – метод на продажба на општевствен капитал преку јавно прибирање на понуди од потенцијални купувачи, во согласност со зададените услови на тендерската документација за продажба на општевствениот капитал

 

Хомогенизација – е претворање на сите акции од ист вид и иста класа во други во смисла на изедначување на различни номинални вредности на акциите, како би одговарале на книговодсвтената вредност, заради внесување на акциите на секундарен пазар со една номинална вредност. 

 

Учесници на пазарите со хартии од вредност:

 

Инвеститор – е лице кое купува хартии од вредност, со исклучок на покровител које купува хартии од вредност од емитентот со намера за понатамошна дистрибуција по пат на јавна понуда, како и лице кое купува други финансиски инструменти.

 

Професионален инвеститор – е лице кое се претпосатвува дека може да го предвиди идното движење од вложувањето во хартии од вредност или други финансиски инструменти и тоа се смета како дел од неговата основна дејност на работење. Како професионални инвеститори се сметаат:

  1.  Банки основани во согласност со Законот за банки.
  2.  Осигурителни друштва согласно законот кој го регулира осигурувањето на имоти и лица.
  3.  Друштва за управување со отворени и затворени инвестициски фондови
  4.  Приватни пензиски фондови кои се основани согласно одредбите за правната положба на пензиските фондови
  5.  Брокерските куќи - основани во согласност со Законот за хартии од вредност.

 

Емитент – лице кое има намера да упати јавна понуда во моментот на прва емисија на хартии од вредност или други финансиски инструменти, како и лице кое веќе издало хартии од вредност или други финансиски инструменти.